Нил ДеГрас Тајсон: Елон Маск е поважен од Стив Џобс, Џеф Безос и Марк Закерберг

Овој познат телевизиски водител и астрофизичар во интервју за Make It емисијата на CNBC истакнува зошто смета дека Елон Маск е поважен од сите овие личности и ќе има најголем долгорочен ефект на нашата цивилизација

За разлика од некои други личности низ историјата, кои придонеле доста за општеството, но не се нешто посебно познати, среќа што Елон Маск барем не е во таква група, односно не му недостасува внимание. Тој сепак е во група со луѓе кои работат или работеле на нешто поразлична “проблематика”, па сигурно може да се отвори дискусија за значењето, влијанието и важноста на одредени личности кои се познати во светот.

Стив Џобс, Џеф Безос од Amazon и Марк Закерберг се дефинитивно личности кои го имаат оставено својот печат во општеството и се идеализирани од голем број на луѓе, а тоа посебно важи за Стив Џобс.

Сепак, според познатиот Нил ДеГрас Тајсон, од сите овие личности, за него најважен за општеството е Елон Маск.

“Колку и да е важен Стив Џобс, нема сомневање во тоа – и мора на тоа да го додадеме и Бил Гејтс, затоа што тие ја создадоа револуцијата на персоналниот компјутер, некако заедно – еве ја разликата: Елон Маск се обидува да измисли иднина, не со овозможување на наредната апликација” – истакна ДеГрас Тајсон.

“Тоа што го прави Елон Маск не е едноставно да ни ја даде наредната апликација која ќе биде одлична на нашиот смартфон. Не, тој размислува за општеството, културата, како имаме интеракција едни со други, кои сили треба да бидат во игра за да се однесе цивилизацијата во наредниот век”.

Нил ДеГрас Тајсон смета дека одењето на човекот во вселената е едно од најважните работи. Војните кои се водат на Земјата, во главно се водат за ограничените ресурси кои се достапни на нашата планета, а тоа не е случајот во вселената. Секогаш кога ќе има недостаток на некој ресурс, може да се отиде на наредниот “астероид’, истакнува тој.

Гледано на овој начин, односно од аспектот кој го истакнува ДеГрас Тајсон, дефинитивно можеме да се сложиме дека Елон Маск има нешто поголемо значење за човештвото, од луѓето кои работат на тоа која апликација ќе ни ја донесат на нашиот телефон и слично, иако на ова не треба да се гледа со потценување. Сепак, секој е важен на свој начин и во свое време, па дури и Елон Маск некои од работите немаше да може да ги постигне и прошири низ светот, да не беа денешните смартфони и компјутери.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.