Mark Zuckerberg Facebook

Неколку дена по излегувањето на „аферата“ со Cambridge Analytica и прозивање од страна на јавноста, Марк Закерберг излезе со официјално објаснување за случајот. Покрај тоа, во неговото објаснување кое го објави на Facebook, тој објаснува и што ќе биде преземено за да не дојде до вакви случувања во иднина.

За потсетување, компанијата Cambridge Analytica има дојдено до податоци од Facebook за околу 50 милиони корисници, искористувајќи го начинот на којшто функционира мрежата, поточно Facebook Platform делот кој овозможува најавување на сервиси и апликации со корисничката сметка. Со најавувањето преку Facebook Platform, сервисот добива пристап до одредени информации за корисникот, како и до пред некоја година, до информации и на пријателите на тој корисник.

Марк подетално го објаснува тоа што се има случено, а започнува со следната изјава:

„Ние имаме одговорност да ги заштитиме вашите податоци и ако тоа не можеме да го направиме, тогаш не заслужуваме да ви служиме. Работев да разберам што точно се има случено и како да се осигуриме дека тоа нема да се случи повторно. Добрите вести се дека најважните активности за спречување ова повторно да се случи денес, веќе ги имаме преземено пред повеќе години. Меѓутоа исто така имаме направено и грешки, потребно е да се направи повеќе и ние треба да се покажеме и да го направиме тоа“.

Во неговата Facebook објави тој исто така го објаснува случајот, односно што е тоа што се има случено, потврдувајќи ги информациите кои беа достапни деновиве, а и ние се обидовме да ги сумираме за полесно разбирање.

Не може да знаеме, како и да е, дали ваквата злоупотреба на приватните податоци поврзани со корисниците првпат се случува и дали од компанијата навистина не знаеле за тоа. Затоа, повторно ќе нагласам дека нема потреба од целосно исклучување од друштвените мрежи, меѓутоа потребно е мало внимание на тоа што се објавува, односно нема потреба од ставање на целиот живот до детали онлајн.

Марк Закерберг најави и неколку работи кои ќе се воведат со цел да не може да се повтори ова што се случи, а истите ги вклучуваат следните промени:

  • Ќе бидат истражени сите апликации кои имале пристап до информациите од корисниците до 2014 година кога се воведува и забраната за пристап до информациите до пријателите на корисникот којшто се најавува преку Facebook платформата
  • Ќе бидат забранети сите програмери кои нема да се сложат да им биде направена проверка на апликациите
  • Ќе биде тргнат пристапот до личните информации за кои корисникот се има сложено да ги сподели со апликацијата, после 3 месеци на некористење на апликацијата во прашање
  • Информациите кои ќе може да се добијат од апликациите ќе се ограничат само на име, слика и имејл адреса од корисникот, а за повеќе ќе биде потребно потпишување на посебен договор
  • Во месецот што следи, ќе биде ставена нова и посебна алатка на почетокот од листата со новости кој ќе им овозможи на корисниците подобро да видат со кого ги споделуваат информациите, односно на кои сервиси и апликации се имаат најавено. Ова е веќе достапно во прилагодувањата, меѓутоа ќе биде подобро истакнато за тие што нема да им текне да проверат самите.
ИЗВОР 2Mark Zuckerberg Facebook
Претходна статијаЕвропската недела на дигитализацијата се одбележува и кај нас
Следна статијаКласици и со „Оскар“ наградени филмови на Pickbox
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.