Откритијата за сигурносните пропусти подоцна наречени Spectre и Meltdown се едни од најголемите откритија поврзани со компјутерските процесори. Овие пропусти, иако изгледа дека не биле искористени, барем на масовно, ги прават ранливи на напади повеќето процесори од повеќето производители во нивните верзии од минатите десетина години и повеќе.

Исправката на пропустите не беше толку едноставна, имаше доста случаеви на појава на проблеми, враќање на исправките, пуштање нови верзии, а генерално тие придонесоа до намалување на перформансите на компјутерите.

Овој вид на пропусти кои беа откриени доведе до нов начин на размислување кога се во прашање нападите. Изгледа процесорите се така направени да никогаш нема да може да бидат целосно заштитени од овој вид на напади, па ќе мора да се чекаат новите генерации на процесори за кои се надеваме дека нема да ги овозможат истите пропусти.

Сигурносните истражувачи повторно открија нови пропусти слични на претходните кои исто така можат да искористат слабости во начинот на работа на процесорите за напад на уредот. Исправките за овие пропусти се веќе во изработка, односно Intel веќе има пуштено бета верзија до производителите на уреди, оперативни системи и слично.

Според информациите, овие нови пропусти нема да овозможат масовно загрозување на безбедноста на компјутерите, а исто така не би требало да може да се искористат преку интернет, а најмногу поради фактот што интернет прелистувачите веќе имаат воведено заштита, поради претходните пропусти.

Исправката на овие пропусти исто така може да придонесе кон намалување на перформансите на уредите, па затоа стандардно истата ќе биде исклучена. Вклучувањето на заштитата ќе биде оставена на систем администраторите во компаниите, категорија на корисници која се смета и за повеќе загрозена од обичните домашни корисници.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаWindows 10 конечно ќе добие надграден и подобар „Clipboard“ систем
Следна статијаЗа сите гејмери: Fortnite ќе дојде и на Android ова лето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.