Michio_Kaku_1

Мичио Каку има обичај да дава интересни објаснувања на најразлични феномени во светот, вселената и Универзумот. Кој се сретнал со него преку многуте видеа и текстови секако ќе си помине интересно и ќе стекне нови знаења од тој свет.

Во најновото видео Каку го спомнува ефектот на дежаву како повод да објасни друго прашање. Во основа тој вели дека му изгледа дека ефектот на дежаву се појавува поради тоа што мозокот повикува парчиња од меморијата на несоодветно место.

На пример, ако влезете во некоја соба и таа е слично наместена со некоја друга во која сте биле, мозокот може да се сети на таа другата и да ви даде чувство како да веќе сте биле во сегашната, иако не е така.

Тој потоа се надоврзува на едно алтернативно објаснување за дежаву повикувајќи се на теоријата на Мултиверзум т.е. постоењето на повеќе паралелни универзуми. Според него, порано во времето различните универзуми биле повеќе кохерентни едни со други, па материјата и енергијата можела да претекува од еден во друг, што би можело да резултира во дежаву искуство.

Но како течело времето така брзината и на вибрација станувала различна меѓу универзумите и тие веќе не биле кохерентни, па затоа не можеме сега да ги видиме (иако постојат некои имплицитни укажувања за нивното постоење). Нешто налик радио-приемник кој ако не е наштиман на одредена фреквенција не може да ја слуша.

За жал, Каку не коментира за можноста дежавуто да биде претекување на информација од еден во друг универзум освен тоа дека таквото објаснување не е потребно. Од друга страна, секогаш останува можноста ако видите дежаву тоа да значи дека машините ја менуваат Матрицата и дека е време да почнете да бегате…

Извор: Open Culture, BigThink

Претходна статијаAftershock Titan е мега моќен гејмерски лаптоп со десктоп компоненти
Следна статијаБорбата против маларијата ќе се води со генетски изменети комарци