35-universityof

Маларијата е болест која е предизвикана од паразитен организам кој најчесто ги користи комарците како средство за пренос до луѓето. Без разлика што постои долгогодишна борба против оваа болест се’ уште умираат по 400 илјади луѓе годишно од неа.

Борбата против разни заболувања често е во областа на лекови. Едноставно е, ако најдеме доволно добар лек болеста ќе ја излечиме или намалиме во обем. За жал тоа досега не беше баш ефикасно во борбата против оваа болест, но има надеж. Овој пат борбата е преку генетиката т.е. генетскиот инженеринг.

Пред да можат гушкачите на дрва да збеснат поради генетски модифицираните организми само да ви кажеме дека еден таков ќе се бори против маларијата и веројатно ќе ја победи на оригинален начин. Се работи за Anopheles stephensi комарци на кои им бил изменет генетскиот код т.е. им биле додадени гени за создавање на антитела.

Со тоа комарците во себе создаваат антитела кои се борат против маларичниот паразит и не можат да го пренесат на луѓето дури и ако ги каснат.

Инаку, комарците како и најголемиот број други инсекти немаат способност да создаваат антитела сами по себе, па со оваа техника (CRISPR-CAS9) ние практично успеавме да им додадеме ген кој во нив го немало воопшто ниту пак им е директно компатибилен.

Научниците веруваат дека овие комарци ќе можат да преовладаат во популацијата на комарци за многу кратко време, за само неколку генерации, поради тоа што вградениот ген има 99,5% шанси да се пренесе при размножување.

Во уште еден бизарен и хорор твист на приказната, научниците покрај генот за антитела додале и ген кој им ги прави очите на комарците флуоресцентно-црвени. Да, кога ќе летаат навечер ќе можеме да видиме стотици црвени точки како се мавтаат насекаде околу нас. Дали е ова обид за црн хумор од страна на тимот научници не можеме да кажеме, но им благодариме за првиот додаток – антителата против маларија.

Извор: Geek, Phys.org

Претходна статијаМичио Каку за феноменот на дежаву и паралелните универзуми
Следна статијаОд наредната година во Formula E ќе се тркаат болиди без возачи