Според податоците добиени од истражувањето спроведено од страна на CIRP (Consumer Inteligence Research Partners) корисниците на Android уредите укажуваат поголема корисничка лојалност од корисниците на iOS. Иако Apple направи вистинска сензација претставувајќи го нивниот iPhone X, се чини дека просечниот купувач е пофасциниран од генерално практичен и квалитетен уред како што е новиот Galaxy S9.

Студијата покажува дека степенот на корисничка лојалност кај корисниците на Android е континуиран и трае од 2014-та. Од тогаш тој практично држи солидна дистанца, за годинава да го достигне својот апекс. Во 2016-та започнува да се зголемува јазот помеѓу процентуалната лојалност. За тој денес да изнесува 91% кај Android, наспроти само 86% кај iOS.

Android
Media: CIRP

Според познавачите ваквите трендови се очекувани. Купувачите имаа прилика изминатите години да се одлучат кој оперативен систем повеќе им прилега. Во меѓувреме се навикнуваат на него и практично го имаат направено изборот и мали се шансите дека ќе одберат друг. Особено од причина што разликите се минорни.

Исто така очекувано е обете компании да се посветат на нудење различен вид кориснички услуги и сервиси. На тој начин ќе профитираат од огромните кориснички бази кои ги имаат создадено.

Што се однесува до продажбата на услуги, Apple е неприкосновен. Ако се знае дека поседува помала корисничка база, а убедливо најмногу заработува од нудење услуги, јасно е дека нивниот modus operandi е на ниво на задачата.

ИЗВОРTech Crunch
ИЗВОР 2CIRP
Претходна статијаMozilla Firefox 59 достапен со дополнителни подобрувања во брзината и приватноста
Следна статијаАпликацијата YouTube за Android и iOS добива „темен режим“