Доколку некогаш се имате мислено дали да го пробате или повторно да се вратите на Firefox прелистувачот од Mozilla, сега дефинитивно е времето за тоа. Почнувајќи од верзијата 57, Firefox ја добива можеби досега најголемата надградба од самото претставување на прелистувачот. Firefox Quantum е официјално наречена новата технологија која е вградена во прелистувачот и истиот го става на рамниште со брзиот Chrome, а можеби и побрз.

Firefox 59, кој е достапен за корисниците на Windows, Linux, macOS и Android од оваа недела, ја продолжува започнатата работа од претходните 2 верзии. Од Mozilla истакнуваат дека оваа верзија има дополнителни подобрувања во брзината на отворање на веб страните, како и дополнително подобрување во Private Browsing функцијата.

Официјалната листа на новини во Mozilla Firefox 59 за десктоп е следната:

  • Побрзо вчитување на содржината на Firefox Home page
  • Побрзо вчитување на веб страните преку вчитување на содржината или од мрежниот кеш или од кешот на хард дискот на корисникот
  • Подобрено рендерирање на графичките делови од страните
  • Можност за drag-and-drop преместување на топ страните поставени на Firefox Home page
  • Можност за цртање и обележување на сликите земени преку Firefox Screenshots, како и нивно дополнително сечење

Целата листа на новини можете да ја видите преку овој линк, како и листата со новини на Android преку овој линк.

Уште една новина е достапна во Firefox 59 која не е истакната од страна на Mozilla, а истата треба да ја побарате во Options > Privacy & Security > Notifications Settings. Во овој дел од прилагодувањата можете целосно да ја исклучите можноста веб страните да ве прашуваат дали сакате да добивате известувања од нив, нешто што е доста популарно изминатиот период. Доколку овие известувања само ви пречат, сега можете целосно да ги блокирате.

Претходна статијаНез цела република ќе се садат дрва за часот на планетата Земја
Следна статијаКорисниците на Android имаат поголема лојалност од тие на iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.