Секој од нас има некаков модел на кој решава проблеми, на кој размислува. Моделите треба да ни помогнат да го осознаеме и разбереме подобро проблемот за да можеме потоа подобро да го адресираме.

За жал, често нашите модели се еден вид на cutting corners (забушавање) наместо вистинско, длабоко учење или анализирање на проблем и решенија. На пример, идеологијата е често модел за политички решенија што претставува еден вид на упростен филтер низ кој се гледа светот – како што сакаме да го гледаме, а не каков реално е. Помага брзо и ефикасно да имаме одговор за се, а всушност одмага да разбереме било што на подлабоко ниво.

Големите умови, како низ историјата така и денеска, користат методи на размислување за да ги разберат работите на фундаментално ниво. Еден од методите кои често е користен во размислувањето и атакирањето на проблем е со почнување од фундаментите (reasoning from first principles). Иако уште Аристотел има пишувано за методот, во последно време истиот е популаризиран од Елон Маск и Тим Урбан.

Маск го објаснува First principles методот

Фундаментите (first principles) се всушност „почетната основа од каде што нештото се спознава“ (Аристотел). Почнуваш од почеток (!). Го соголуваш проблемот до самата срж, ги исфрлаш сите претпоставки и различни мислења на авторитети и пробуваш да ја разбереш природата на проблемот. Елон Маск има одличен пример:

Важно е да го гледаш знаењето како еден вид на „семантичко дрво“. Гледај да ги разбереш основните принципи – коренот и Стеблото, пред воопшто да размислуваш за другите детали (листовите, гранките, итн.)…

https://www.reddit.com/r/IAmA/comments/2rgsan/i_am_elon_musk_ceocto_of_a_rocket_company_ama/

Тим Урбан авторот на супер-популарниот блог Wait but Why, кој го популаризираше начинот на кој Елон Маск решава проблеми и креира мултимилионски компании, ја објаснува разликата помеѓу оној кој разбира и оној кој знае/меморира како разликата помеѓу кувар (chef) и готвач (cook). Првиот толку длабоко ја разбира храната и методите на готвењето што е изумител, уметник – создава јадења; вториот пак готви по рецепти. Едниот нема проблем да зготви што било бидејќи ги разбира комбинациите на вкусови; другиот ако го изгуби рецептот, мисли му ја.

Блогот Farnam Street има одличен текст на истата тема и дава одличен пример за овој метод применет во пракса – the five why’s или кога децата замараат по неколку пати со прашањето „зошто“ (треба да си ги измиеме забите пред спиење – зошто – бидејќи ќе ни се расипат – зошто – бидејќи … you get the point).

Велат дека Ајнштајн викал дека не е нешто поинтелегентен од повеќето паметни луѓе, но бил многу поупорен и детален во разглобување на проблем. Некогаш не е ни до парите, ни до интелегенцијата – до упорноста и до методот на решавање на проблем е. Елон Маск, еден од најголемите претприемачи во историјата на човештвото, е жив доказ.

Претходна статијаНаучник се труди да ги сфати хипстерите со математика
Следна статијаФотографии од луѓе се користат без дозвола за тренирање на вештачка интелигенција
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.