Вештачката интелигенција веќе се покажува како корисна во многу области, а можеме да замислиме само до каде ќе отиде оваа технологија во иднина.

Една од можностите кои се користат од ВИ е препознавањето на лицата на луѓето. Ова во многу ситуации е навистина корисно, односно се користи за најавување на паметните уреди кои ги користиме, се користи за препознавање на лицата на криминалците и слично.

Сепак, како што претпоставуваа луѓето со децении, а и како што можевме да видиме во повеќе случаи, најпознати се тие со Facebook, технологијата иако донесува повеќе предности, истата често се злоупотребува од одредени страни.

Истото е случајот со вештачката интелигенција и нејзината способност за препознавање на лица.

Затоа, веста која што ја откриваат од NBC News е до некаде иронична. Компаниите кои работат со развој на вештачка интелигенција, нејзиното тренирање го прават со слики кои се достапни на интернет, слики за чие користење тие не бараат дозвола.

Пример кој се дава е од IBM кои самите имаат објавено милиони слики под кои е поставено објаснување од страна на ВИ. Овие слики тие ги имаат земено од Flickr, а луѓето кои ги имаат објавено сликите, како и тие кои се на нив, не знаеле за истото.

Инаку, причината поради која на компаниите им се потребни многу слики е за ВИ да може да се научи да ги препознава лицата на луѓето подобро. Искуството покажало дека ВИ има проблем со препознавање на лица со боја различна од „бела“, како и со препознавање на полот кога лицето има долга коса.

Порано тренирањето на ВИ се правело со плаќање на луѓе да дојдат да бидат сликани и да ја дадат својата дозвола за оваа немена, меѓутоа со достапноста на милиони слики на интернет, споредбата станала многу скапа.

ИЗВОРNBC News
ИЗВОР 2MIT Technology Review
Претходна статијаFirst principles: Како размислува Елон Маск
Следна статијаFacebook и сервисите во сопственост на компанијата имаа проблеми со достапноста во текот на вчерашниот ден
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.