Shutterstock.com

Доколку во текот на вчерашниот ден имавте проблем со пристап или со целосно функционирање на Facebook, Messenger, WhatsApp, Instagram, па дури и Facebook Workplace, не сте единствени, а проблемот не треба да го барате во вашиот уред или интернет конекција.

Проблеми со мрежите од Facebook се официјално потврдени, иако не е истакнато што точно ги има предизвикано истите. Она што се истакнува е дека не се работи за хакерски напад, па сигурно ќе бидеме подетално информирани во деновите што следат.

Проблемите не предизвикаа целосно губење на пристапот до сервисите, барем не кај сите корисници, туку проблем со одредени функции кај истите. Во мојот случај, не функционираше лентата за пребарување.

Иако сервисите постепено се враќаат и се скоро средени, сепак можно е да наидете на проблеми и во текот на денешниот ден.

Од Facebook изјавија дека се свесни дека некои корисници имаат проблем со пристап до апликациите од Facebook и дека работат да го решат проблемот колку што е можно побрзо.

ИЗВОРCNBC
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаФотографии од луѓе се користат без дозвола за тренирање на вештачка интелигенција
Следна статијаToyota ќе работи на развој на „rover“ за мисија на Месечината за јапонската вселенска агенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.