За оние малку кои не чуле за Фајнмен (1918 – 1988), човекот бил еден од најпознатите физичари награден со Нобелова награда во 1965 за неговите истражувања поврзани со квантната електродинамика. Се смета за пионер и во нанотехнологијата. По она што е можеби уште повеќе познат е неговата страст за споделување знаење и популаризација на физиката – голем противник на учењето базирано на проста меморијазија на податоци.

https://www.youtube.com/watch?v=VdYujzyaX68

Во декември 1955 објавува интересен есеј со наслов The Value of Science. Станува збор за прекрасен есеј кој вреди да се промовира и споделува.

Во него објаснува зошто „од сите вредности, најголемата е слободата да се сомневаш“ и да предизвикуваш авторитетни мислења (freedom to doubt). Вечно актуелно!

Интересен момент е што Фејнман обрнува големо внимание на вредноста/значењето на науката во однос на … well, people just want to have fun. Како што вели (оставено е на англиски да не се изгуби убавината во преводот),

the thrill, the awe and mystery, come again and again when we look at any problem deeply enough. With more knowledge comes deeper, more wonderful mystery, luring one on to penetrate deeper still.” 

Едноставно, науката е најсилна алатка во нашата голема и долга авантура во пронаоѓање на значењето на животот. И уживајќи во авантурата – процесот е битен исто колку резултатот на крај!

Фејнман понатаму објаснува дека „научното знаење е всушност различен степен на сигурност – нешто е воглавно неточно, нешто скоро со сигурност точно, и ништо не е апсолутно сигурно“. Оваа слобода да се сомневаш, да предизвикуваш догми и да поставуваш прашања ја сваќаме здраво за готово понекогаш, но е добиена во долга борба против авторитетите. Фејнман не моли да не го заборавиме ова. Freedom to doubt и слободата на говор, едноставно отворена непречена дискусија (нешто што денеска е под сериозна закана од сите страни) е „неопходна за продор во непознатото“.

Што е заклучокот? Која е вредноста и значењето на науката? Да го оставиме да одговори Фејнман:

ако ја потиштиме дебатата и сите критики и речеме – „тоа е тоа, човекот е спасен!“, ние ќе го  оковаме за векови со синџирите на авторитетот,  врамувајќи го во рамката на нашата сегашна  имагинација.  Ова грешка е сторена многу пати во историјата.

Како научници, свесни за прогресот и за големото значење на “satisfactory philosophy of ignorance” и слободната мисла, имаме обврска да ја браниме оваа слобода, да учиме дека сомнежот не треба да не плаши туку да се прифати и дискутира, и да ја бараме оваа слобода за сите наредни генерации.“

Прекрасен есеј од прекрасен ум.

Претходна статијаДали Facebook/Google се монополи? (1/3)
Следна статијаТоп 7 содржини за секој ден од неделата (25 јан. – 03 феб.)
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.