Facebook и Google се најверојатно омилените глобални корпорации (без разлика на сите скандали во последно време, особено на ФБ). Имаат (централизиран, но) феноменален бизнис модел кој го обожаваме како потрошувачи (бидејќи е бесплатен – изгледа се додека го храниме со податоци); па дури и како фирми кои можеме таргетирано и попрецизно да ги рекламираме своите услуги.

Но без разлика на се, во САД се погласни се повиците од сите страни (од десно до лево) за „break up” на овие компании бидејќи биле преголеми и превлијателни скоро-монополи. Ова наводно им овозможува да посегнуваат по злоупотреба на пазарната позиција, да наплаќаат над-пазарни цени за рекламирање, па и да влијаат на јавниот дискурс и изборите.

Така да, прашањето е дали F & G се монополи кои треба да бидат размрдани и поделени во помали компании од страна на good ol’ State. Додека го одговораме прашањето ќе укажуваме на лекции односно пристап како подобро да се разбере темата (за класичен став зошто СЕ монополи, видете тука). Текстот ќе биде поделен во три дела – првите два ќе се осврнат на прашањето од насловот, а во третиот ќе дискутираме за можни алтернативи.

Најпрво, битно е да се има на ум дека и ФБ и Гугл се релативно нови компании. До вчера, што се вика, владееше MySpace и Yahoo. Гугл и ФБ се тоа што се бидејќи со успешни иновации и неверојатен бизнис сенс ги победуваат континуирано сите конкуренти во борбата за нашето внимание, во еден +20 годишен период.

А не се малку! Bing, DuckDuckGo, итн. Тајлер Коен е во право кога вели дека денеска можеш да се рекламираш на ТВ, во весници, онлајн. Никогаш претходно немало волку избор. За нешто да е монопол не се гледа тесно само неговиот пазарен домеин туку и сродните пазари. На авионите и возовите и колите им се конкуренција! Така да, тоа што голем број компании се одлучуваат да се рекламираат на ФБ или Гугл укажува дека овие компании нудат подобри услуги од другите опции!

Лекција бр.1?

Економијата е во постојан флукс, динамичен процес, а не е snapshot на сегашноста. Важно е минатото, сегашноста но и иднината. Прашањето не е дали фирма х поседува 30, 50 или 90% од пазарот, во било кој конкретен момент. Самиот овој податок не кажува многу. Младите немаат ни чуено за стотици компании гиганти до пред некој период (пр. Кодак, MySpace, Блокбастер, Енрон, …). Само 15% од фирмите во САД на Fortune500 во 1955 останале на листата во 2017! Секоја приказна има почеток, крај и средина. И Гугл и ФБ ќе бидат симнати од тронот. Или пак нема?

(продолжува)

Претходна статијаТелеком со онлajн претпродажба на ексклузивниот Samsung Galaxy S10
Следна статијаРичард Фајнмен за „значењето на науката“
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.