Телеком почнува со онлајн претпродажба на ексклузивниот Samsung Galaxy S10, што ќе ја одбележи десет годишнината на андроид телефоните на Samsung. Од денес, во Телеком онлајн продавницата корисниците ќе можат да го нарачаат Samsung Galaxy S10 пред официјалната продажба закажана за 8 март, 2019.

Главните адути на досега најинтересниот смартфон на Samsung  се: кинематскиот Infinity екран, ултразвучниот читач на отпечаток од прсти, интелигентните перформанси, напредниот хардвер и професионалната тројна камера  (широкоаголна, ултраширока и телефото) за зачудувачки фотографии со видно поле од 123 степени.

Освен Samsung Galaxy S10, Samsung го претстави и Samsung Galaxy S10+, поголемиот модел од истата серија. Телефоните ќе може да се нарачаат во црна, бела и зелена боја.

Во исто време со новите смартфони, на пазарот пристигнуваат и безжичните слушалки Samsung Galaxy Buds, кои Телеком ќе ги подари на сите корисници кои ќе купат Samsung Galaxy S10 или Samsung Galaxy S10+ во претпродажба.   Samsung Galaxy Buds, кои се наследник на првиот модел Samsung Galaxy Icon X нудат врвен аудио квалитет и безжично полнење преку Wireless PowerShare на Samsung Galaxy S10, уште една нова карактеристика на смартфонот со која се овозможува безжично полнење на други уреди.

Претходна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот (епизода 2)
Следна статијаДали Facebook/Google се монополи? (1/3)