Изгледа, не баш она што очекуваа многумина (повеќе за токените како нов концепт видете во воведните три текстови, Токени 101). Или пак, во зависност од кој табор го следите, се случува токму она што се очекуваше – hype фазата заврши (пикот беше во јануари 2018 кога капитализацијата на криптовалутите и проектите во еден момент изнесуваше и 836милијарди долари), време е за акција и резултати, или корекции и темелити реформи.

Консултантската компанија GreySpark подлабоко навлага во ова прашање во нивната студија Charting the growth of cryptocurrencies објавена на почеток на септември. Како што е познато, без разлика на падот на цената на етерот, цели 86% од токените (или, во бројки, ~772 токени)се лансирани на Ethereum. Сепак, голем процент од иницијално успешните токени го губат позитивниот поврат на инвестицијата после одреден (кус) период. Главните причини се: недостаток на квалитетен финален производ/услуга, измами, проблеми со егзекуција на планот, слаба пазарна и маркетинг стратегија и сл. Сепак станува збор за нов – и генерално нерегулиран, вклучително и со неразвиени пазарни практики – механизамна финансирање блокчеин проекти.

Еден од најинтересните податоци во студијата е колку од ICOs (иницијалните понуди на токени) воопшто успеале да приберат капитал. Имено, скоро половина од сите ICOs (~900 проекти)во 2017 и 2018 година не успеале да приберат ниту денар иако ICОs е релативно едноставен начин за прибирање капитал, додека пак останатата половина (~750 проекти) успеале да ја убедат јавноста да инвестира над 1милион долари по проект.

Студијата финишира со преглед на регулаторните практики на дел од најмоќните економиии. Она што е очигледно е дека повеќето земји разбраа дека крипто токените се сериозна иновација и почнуваат да заземаат некаков регулаторен став. Со исклучок на Кина (која строго е против криптовалутите и токените, на хартија), останатите земји имаат генерално отворена позиција – не ги забрануваат, но воспоставуваат строга регулатива која дискутабилно е каков ефект ќе предизвика на долг рок. Од поголемите земји, Швајцарија има најлиберален пристап што е главен фактор за бумот во оваа област токму таму, додека пак Малта се обидува да се позиционира паметно како прв „блокчеин остров“.

Се на се, иако очигледно е дека голем дел од проектите во крипто светот се несериозни (или измама), ICOs и токените се легитимен нов метод за прибирање капитал отворен за секого, што вклучува и сериозни и одлични проекти. Државите и законодавците пак исто се во интересна битка – кој најдобро ќе ги разбере новите технологии и ќе се постави паметно и либерално ќе го собере кајмакот.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.