„Џони Инглиш“ повторно во акција во „Милениум“

Комедијата „Џони Инглиш повторно во акција“ од утре (четврток, 20 септември) ќе се прикажува во кино „Милениум“ каде ќе биде на репертоар заедно со хитовите „Предатор“, „Слатка мала тајна“, „Колет“ како и анимираните „Хотел Трансилванија: Одморите почнуваат“ и „Луис и вонземјаните" кои пак ќе се прикажуваат само за викенд

Новото продолжение на „Предатор“ и оваа недела игра во киното „Милениум“. Овој научно-фантастичен хорор во главните улоги ги има: Бојд Холбрук, Треванте Роуд, Џејкоб Тремблеј и Киган – Мајкл Кеј. Во овој дел од култниот филмски серијал смртоносните вселенски ловци – Предаторите се враќаат на земјата благодарение на едно момче чија ненамерна грешка ќе ги привлече вонземјаните. Зајакнати, помоќни и поопасни од било кога, Предаторите се повторно огромна закана за човештвото. „Предатор“ имате можност да го погледнете во 3D секој ден од 22 часот во „Милениум“.

„Слатка мала тајна“ со одличните Ана Кендрик и Блејк Лајвли ќе ви ја раскаже авантурата на Стефани Вард, млада мајка влогерка во обид да ја пронајде нејзината пријателка Емили Нелсон која исчезнува на мистериозен начин. „Слатка мала тајна“ (A simple favor) ќе биде секој ден на репертоарот на кино „Милениум“ од 17:30 часот.

Оваа недела премиера има хит комедијата „Џони Инглиш повторно во акција“ со легендарниот Роан Аткинсон. Секој ден од 20 часот во „Милениум“, Џони Инглиш, постар и излезен од пензија, ќе оди на мисија да го спаси светот од компјутерските хакери кои ги обелоденуваат идентитетите на сите тајни агенти ширум светот.

Во драмата на режисерот Ваш Вестморланд со наслов „Колет“, Кира Најтли ја толкува главната улога на писателка Сидони Габриел Колет, која на почетокот на 20 век се сели во Париз каде прифаќа да биде коавтор на биографската книга на нејзиниот сопруг. Филмот помеѓу критичарите се наметна како значаен глас во ерата на #MeToo движењето. „Колет“ можете да го погледнете секој работен ден од 15 часот во кино „Милениум“.

За најмладите, викендот е одлична шанса да го погледнат третото продолжение на Хотел Трансилванија, овој пат наречен „Хотел Трансилванија: Одморите почнуваат“. Адам Сендлер, Селена Гомез, Енди Самберг и многу други ги позајмуваат гласовите на главните ликови во оваа анимирана комедија. Претставите во кино „Милениум“ почнуваат од 11 часот во сабота и недела.

На репертоарот е и анимираниот филм „Луис и вонземјаните” кој се прикажува во 13.30 за време на викендот, а филмот зборува за едно 11-годишно момче кое се спријателува со три мали вонземјани чие НЛО се урива врз неговата куќа.

Претходна статијаШто се случува во светот на крипто токените?
Следна статијаРСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот. Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“