Во претходните два дела (1, 2) објаснивме што се тоа токени („еден вид на доказ во дигитален формат дека х поседува право на користење на у“), какви типови на токени постојат (воглавно, секјурити токени и услужни токени) и pros & cons на токенизацијата. Оваа серија од текстови ќе ја завршиме со кус водич за како може да учествувате во одреден процес на продажба на токени.

ОК, како да учествуваме во ICOs?

На Интернет има достапни голем број едноставни водичи за учество во ICOs (на пример, видете ги следниве линкови: 1, 2, 3). Тука ќе ги сумираме главните работи кои треба да ги знаете.

Прво, да повториме: ICOs е сосема нов начин на прибирање капитал/„инвестирање“ и е се’ уште learning process за сите инволвирани. Како се што е ново, постојат еден куп измами, а како и на останатите пазари, грото од стартапите никогаш не успеваат да лансираат квалитетен производ. Внимателно, и со ситно – гледајте го процесот повеќе како забава, како учење на нова технологија, учество во crowdfunding, отколку како инвестирање на животната заштеда!

Прв чекор е да го најдете и истражите проектот кој ви мириса дека ќе биде успешна приказна. Ова секако не е лесна работа имајќи предвид дека има илјадници нови проекти. Затоа Top ICO List и слични сајтови ги објавуваат најинтересните проекти со анализи на тимот позади истите, техничките решенија и сл. Најпаметно е првиот чекор да ви почне со креирање short-list на интересни проекти кои имаат високи оценки од овие сајтови, па потоа и самите да пробате да го истражите проектот што е можно подлабоко.

Следен чекор е да поседувате или купите крипто и да ги поседувате во сопствен новчаник, по можнност MyEtherWallet (ако криптовалутите ги чувате во новчаник на самата берза од каде што ги имате купено ќе имате проблем при инвестирањето во ICOs – може да не ви стигне токенот). Воглавно инвестирањето во ICOs се одвива во етери или биткоини.

Понатаму е лесно – самата компанија ќе ве води низ процесот. Воглавно ќе треба да се регистрирате на сајтот на стартапот на посебен линк за ICO-то (процес наречен whitelisting) и да ги следите инструкциите. Бидете внимателни со адресата на „новчаникот“ (тр.сметка) на стартапот – проверете ја неколку пати пред да ја извршите трансакцијата. Учествувајте на ICOs само од официјалниот вебсајт на старапот.

И, генерално, тоа е тоа.

Секако, препорачливо е горе линкуваните водичи внимателно да ги следите доколку сакате да купите токен. Што ќе правите после со истиот, останува на вас. Дали ќе го препродадете на берза и ќе остварите капитална добивка (чиј даночен режим не е најјасен во моментов во МК) или пак ќе чекате стартапот да го лансира производот/услугата, па ќе можете со токенот да ја користите, останува на вас. Среќно.

Претходна статијаЕдна фотографија до победа
Следна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 670 со подобрени перформанси и поголем акцент на вештачка интелигенција