Социјалните мрежи иницијално беа дизајнирани да ги поврзаат луѓето од различни делови на светот и да им понудат место на кое тие ќе развијат интеракција, ќе споделуваат идеи, интереси или мислења. На почетокот делуваше дека токму социјалните мрежи им ја олеснуваат социјализацијата на оние кои во вистинскиот живот имаат потешкотии при остварување на интеракција со други луѓе.

Меѓутоа последните истражувања велат дека луѓето всушност се чувствуаваат поизолирани, а тоа особено се однесува на младите. Истражувањата поврзани со влијанието на интернетот и социјалните мрежи на развојот на личноста кај младите покажува негативни ефекти. Испитаниците во истражувањето ги аргументирале своите ставови велејќи дека „Имаат чувство дека луѓето одвај ги познаваат“ и сл. што одлично ја објаснува причината за изолацијата.

Реалноста на социјалните мрежи всушност, комплетно се разликува од реалноста на поединецот во вистинскиот живот. Социјалните мрежи кај човекот го предизвикуваат ефектот поединецот да се чувствува како „центар на светот“ и од таа причина да се обидува да претстави идеална слика за себе. Двете „персони“ вистинската и онаа виртуелната, во најголем дел од случаите имаат многу малку заеднички карактеристики.

Понатаму, алгоритмот на социјалните мрежи функционира  на начин што собира податоци во врска со личните интереси на поединецот, за подоцна на истиот да му бидат презентирани содржини од сличен карактер. На тој начин индивидуата има впечаток дека целиот свет се согласува со неа, што е далеку од вистинито. На тој начин, луѓето се чувствуваат „безбедни“ на социјалните мрежи каде владее хармонија и сите се согласуваат, додека во реалниот свет ретко кого го интересира нивното мислење. Директна последица од истото е на почетокот споменатата изолација.

Претходна статијаNokia 7 и 8 ќе имаат Snapdragon 660 чип
Следна статијаGalaxy S8 ќе има “Home” копче осетливо на притисок