10173498_255969501273638_1217157834_n

Доста апликации на кои што се поврзувате со вашата Facebook сметка, како што е Instagram на пример, автоматски ја споделуваат вашата активност на социјалната мрежа. Па така, кога ќе лајкнете некоја слика на Instagram, оваа активност ќе биде прикажана и на вашиот Facebook timeline за вашите пријатели да може да го видат истото. Ова како можност го има и во многу други апликации како што се Pinterest, Farmville, RunKeeper и слични.

Според истражувањата кои редовно се прават од страна на Facebook, содржината која што е споделена на мрежата без директна активност од корисникот, другите корисници често ја означувале таа содржина како spam. Поради тоа од Facebook имаат започнато со намалување на прикажувањето на ваквата содржина, што значително го има намалено и бројот на содржини означени како spam од страна на корисниците.

Ова со други зборови значи дека Facebook ќе почне да дава значење на споделената содржина од страна на корисниците која што тие самите решиле да ја споделат на мрежата. Активностите кои што досега автоматски беа споделувани на Facebook ќе бидат тргнати, односно и програмерите на апликации ќе им биде препорачано да почнат да користат копчиња за споделување, наместо автоматското споделување во позадина без директна одлука од страна на корисникот. Исто така содржината која што е автоматски споделена, ќе биде поретко прикажувана на Facebook.

Извор: Facebook, The Verge

Претходна статијаПрвата широкопојасна безжична конекција на Месечината
Следна статијаLG G3 vs G2: Може ли G3 да го надмине G2 како “најдобриот смартфон што може да се купи” ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.