Jean-Baptiste Le Divelec e креативец кој работи со пишување на слогани, текстови и слично за кампањи, меѓу другото. Следејќи ги сите области во кои вештачката интелигенција има придонесено во подобрување на работата, има решено да види што може да направи во неговата работа.
Вештачката интелигенција е тренирана со реклами од Nike, брендот за кој се имаат решено, од изминатите 7 години, по што е пуштено да се види каква реклама ќе направи.
Рекламата не е како што би очекувале, односно не е најдобрата реклама што ја имате видено, а но приближно до тоа. Зборовите се скоро неповрзани и целата реклама може да се каже и дека нема некоја смисла.
Сепак е интересно да се види, а може некој и ќе успее да извади добри слогани од неа. Видеото е на почетокот од статијата, па можете и самите да го видите резултатот.