Електричните автомобили, а посебно треба да се издвои тука Tesla, го привлекуваат вниманието на сите во денешно време или барем така мислиме ние поаѓајќи од себе.
Пречките за купување на електричен автомобил во денешно време, а ова важи посебно за западните земји, се значително намалени, а може да се каже и дека ги нема. Изборот на хибридни и целосно електрични автомобили е голем, цената веќе не е толку висока, а се добиваат и субвенции, како и локациите каде може да се полнат овие автомобили веќе се доволно распространети.
Проширувањето на оваа информација и зголемувањето на популарноста на електричните автомобили е целта на американската непрофитна организација Veloz која ја започна кампањата „Electric For All“.
Тие имаат направено посебна веб страна на која ќе може да се добијат повеќе информации, како тоа кој автомобил да се избере, каде може да се полнат автомобилите, како и кои се предностите од изборот на електричен автомобил.
Покрај ова, тие започнуваат со кампања која ќе треба да го привлече вниманието на сето ова, а во нивната кампања тие го имаат ангажирано Арнолд Шварценегер.
Во првото видео од кампањата, Шварценегер е маскиран како обичен продавач во салон за автомобили, иако не е јасно дали луѓето што се дел од видеото се глумци исто така или се работи за вистинска „скриена камера“.
Тој се обидува да ги премисли луѓето кои се интересираат за електричен или хибриден автомобил, истакнувајќи им причини зошто е подобро да возат автомобил на бензин, односно нафта.
Видеото е на почетокот од статијата…