Xiaomi-Mi-2S

Една од поголемите грешки која што ја прават корисниците е тоа што се’ уште кога ќе се спомне кинески производ, тие мислат на некоја евтина копија од некој познат производ која што не доаѓа ни блиску до оригиналот. Меѓутоа во денешно време на достапност на технологијата, како и огромниот економски раст кој што го има Кина, полека се појавуваат компании кои што можат да се носат со досега познатите и ценети големи компании.

Xiaomi е компанија која што својот прв мобилен телефон го престави во 2011 година и за многу кратко време стана една од најдобрите компании во Кина, а основачот и директор на 23 место по богатство во земјата. Компанијата има повеќе од 3.000 вработени и повеќе модели на паметни телефони, додатоци и други електронски производи.

Компанијата најмногу им стана позната на корисниците од западот преку нивното софтверско решение, односно MIUI оперативен систем базиран на Android, а споредуван со iOS. Колку и да можат да се најдат сличности со познатиот оперативен систем од Apple, сепак MIUI се развива во изминатите години, па освен можеби мал дел од корисничкиот интерфејс, ништо друго не може да се каже дека е било каква копија на нешто.

Еден од моделите на паметни телефони од оваа компанија кои што се достапни во Македонија е минатогодишниот Mi 2S. Овој телефон доаѓа со прилично ниска цена која што ќе го направи привлечен за корисниците кои што не сакаат да даваат многу пари за најновите модели од другите компании. Xiaomi Mi 2S се продава по цена од 14.800 денари и можете да го нарачате преку следниот линк.

Овој телефон доаѓа со 4,3 инчен IPS LCD екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели и нивна густина од 342 ppi. Работи на Qualcomm Snapdragon 600 чипсетот кој што доаѓа со Quad-core 1.7 GHz Krait 300 процесорот и Adreno 320 графичкиот процесор. Вклучува 2 GB RAM меморија, како и избор од 16 и 32 GB внатрешна меморија за складирање на податоци. Задната и главна камера е со 8 мегапиксели, а предната 2. Батеријата е со капацитет од 2.000 mAh и може да биде променета, што е ретка карактеристика во денешно време.

xiaomi-mi2s

Една од поинтересните работи кои што ги добивате со купување на некој од моделите на Xiaomi е можноста за додавање на футроли во разни бои. Па така, Mi 2S моделот доаѓа со избор на црна, песок, темно сива, темно сина, виолетова, сина, розова и портокалова боја. Футролите се тенки и не додаваат многу на големината на телефонот, а со секоја нивна промена оставате впечаток како да имате купено нов телефон.

Претходна статијаOS X 10.10 Yosemite достапен бесплатно за сите корисници
Следна статијаArchos VR – Виртуелна реалност преку мобилните телефони за ниска цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.