g5_33.0

Меѓу двата Корејски електронски гиганти, во светот на смартфоните Samsung има апсолутна доминација, особено минатата година. Имено, LG оствари многу мали профити од својата смартфон дивизија изминатите 12 месеци и затоа се врати на таблата за цртање, за да направи целосно нов модел, со драматично променет дизајн и можности, со кои ќе се обиде да ја врати довербата на купувачите и да грабне поголем дел од колачот на пазарот.

Најинтересен новитет кој ќе биде воведен во G5, новиот знаменосец на LG, ќе биде специјалниот слот во долниот дел, каде ќе биде сместена батеријата. Неколку протечени информации најавуваат дека овој слот ќе има и други функции – веројатно можност за вградување на надворешна тастатура или специјални камери, но засега знаеме само дека од таму корисникот ќе може да ја менува батеријата, а телото ќе може да остане скоро целосно “Unibody”, односно да личи како да е изработено од едно парче, исто како алуминиумските конкуренти.

lg-g5-

Покрај слотот во долниот дел, копчињата за будење на телефонот и за гласност ќе бидат преместени странично – кај G4 се во задниот дел. Ова решение иако наиде на фанови, не беше прифатено од поголемиот дел на купувачите,  а е веројатно направено за вградување на две камери во задниот дел.

Двете камери веројатно не се вградени за снимање 3D видео, туку за да може софтверот да има повеќе информации за длабината на сликата и според тоа да може да прави ефекти на „плиток“ фокус, како кај професионалните апарати. Информациите велат и дека G5 ќе има Quad HD дисплеј и Snapdragon 820 процесор, што беше и очекувано, а најавена е и надградба на сензорот на главната камера.

Сите овие новитети ќе бидат фрлени директно во ринг со Samsung Galaxy S7 на 21 февруари на Mobile World Congress во Барселона. Ова е исто така промена во однос на претходниците, кои беа претставувани неколку месеци по знаменосецот на Samsung.

Извор: The Verge, TechnoBuffalo, BGR

Претходна статијаGeForce 710 – Мини десктоп графичка за оние со помал буџет
Следна статијаApple ќе ја претстави третата генерација на iPad Air во март после подолгата пауза?