HTC

Речиси секој корисник на iPhone забележал дека со текот на времето се намалува процесирачката моќ на неговиот уред. Сосема е возможно, проблемот да е тесно поврзан со животниот век на батеријата.

Ваквото тврдење во извесна мера беше потврдено и од самата компанија која стои зад iPhone. Од таму потврдија дека замената на батеријата практично влијае врз процесирачката моќ и генералните перформанси на телефонот. Откако батеријата на уредот ќе ослабне до извесна мера, самиот телефон го намалува консумирањето на енергија за да го продолжи „животот“ на истата. Корисникот може лесно да забележи разлика во перформансите помеѓу два идентични модели со вградена различна батерија.

Официјалниот став на Apple по ова прашање не се оддалечува многу од флоскулата која сме навикнати да ја чуеме.
-„Apple има главна цел на корисниците да им го понуди најквалитетното искуство. Под тоа се мисли на генерални перформанси и пролонгирање на животниот век на уредот.“

Оние малку поупатените ќе знаат дека литиум-јонските батерии кои се користат во индустријата се чувствителни екстремни температури, но и со текот на времето едноставно го губат својот капацитет. Па од тука, логички уредот кој се напојува со таква батерија, со текот на време да загуби дел од својата моќност.

Добар дел од корисниците се скептици во врска со оваа теорија. Тие сметаат дека забавувањето на уредот се должи исклучиво на неговата старост. Ваквиот начин на размислување ѝ оди во прилог на компанија како Apple. Корисникот ќе се одлучи да набави понов модел на телефон иако реално истиот нема да му понуди значителна разлика на можности. Еклатантен пример за тоа се iPhone 6 и 7.

Извори: GadgetHacks, Cnet

Претходна статијаInbox, успешна бизнис иновација на македонскиот пазар
Следна статијаHuawei и Baidu потпишаа стратешки договор да ја водат новата ера на мобилната Вештачка Интелигенција (AI)