instagram, бизнис профили, новости, API

Instagram конечно ја направи долгоочекуваната промена која менаџерите за социјални медиуми ја посакуваа и бараа подолг период. Можноста за организирање и закажување на постовите да се појавуваат во одредено време е имплементирана. Досега, постоеја други алатки кои маркетинг експертите ги користеа како алтернативно решение за праќање на push нотификации. Сепак, оваа функционалност не постоеше – се’ до пред некој ден.

Instagram, најблиску до она што е овозможено сега пред да се имплементира оваа опција, беше преку користење на драфтови (слично како во мејловите). Со нив маркетерите и останатите корисници можеа да ги подготвуваат постовите. Покрај ова, тие можеа и да ги зачувуваат постовите за да ги објават подоцна.

За жал, официјална поддршка за планирање на постовите немаше. Ова се однесува на рекламите, како и за самите производи.

Hootsuite е првиот партнер кој го имплементира API-то.

Првите чекори за поддршка Instagram ги даде преку отворање на своето API. Со тоа, софтверските апликации за социјални медиуми како Hootsuite, Sprout Social или SocialFlow имаа пристап до функционалноста и можеа да ја искористат за сопствените производи. Според информациите за медиуми кои ги даваат за јавноста, Instagram своето API го направи достапно за сите свои партнери. Тука се вклучени и партнерите на Facebook.

instagram, новости

Според извршниот директор на Hootsuite, Рајан Холмс, распоредувањето и објавувањето на содржината на Instagram е барање број еден за 16 -те милиони корисници на апликацијата. На овој начин, корисниците можат да управуваат со големи количини на содржини. Со оваа промена, тие можат и да отвораат повеќе сметки на Instagram со поголема леснотија и безбедност.

Како и да е, овие ажурирања и новости со API-то се воглавно предности кои можат да ги искористат поголемите организации. Втората функционалост која ја воведе Instagram вклучува таканаречено откривање на бизнис профилите. Тоа овозможува преглед на дополнителни информации за бизнис профилите и медиумите.

Како што најавуваат од компанијата, во иднина овие карактеристики нема да бидат ограничени само на бизнисите. Поддршката и имплементирањето на овие функционалности се планираат и за обичните профили некаде кон почетокот на 2019 година.

Претходна статијаРСБСП: Управување моторно возило под одвлечено внимание, ризик-фактор што ја загрозува безбедноста во патниот сообраќај
Следна статијаCenter for Humane Technology ќе се бори против зависност од друштвени мрежи кај децата