Google+ престанува со работа порано од планираното

Од оваа недела почнува крајот на друштвената мрежа од Google

Иако Google претходно се обиде со уште неколку друштвен мрежи, Google+ беше таа која покажа најголем потенцијал и едно време се веруваше и дека ќе „успее“.

Оваа друштвена мрежа имаше нешто поразличен пристап од Facebook и Twitter, па за голем број на корисници, Google+ беше многу подобра алтернатива на тоа што во тоа време значеше друштвена мрежа.

Сепак, времето покажа дека иако со голем број на корисници, популарноста на оваа мрежа не продолжи да расте, па со тек на време, како што е и нормално, почна да опаѓа.

Одредена група на корисници продолжи да ја користи мрежата поради нејзината специфичност, меѓутоа во денешно време не се исплати да се одржува и развива нешто што нема милијарди на корисници од компании како Google.

Прекинувањето на Google+ беше најавено минатата година, а крајот на мрежата доаѓа нешто порано од најавеното, порано за околу 4 месеци.

Од оваа недела Google почнува со гаснење на мрежата, по што корисничките профили и се што е споделено, веќе нема да постои.

Причината за забрзување на процедурата е откривањето на безбедносни пропусти, па од Google повеќе им се исплати да побрзаат со гаснењето, отколку да го решаваат пропустот.

Мрежата инаку ќе продолжи да постои во друга форма за корисниците на G Suite, односно за бизнис корисниците на Google. Истата ќе се користи како еден вид на деловна друштвена мрежа, а ова е нешто што повеќето конкуренти на Google им го овозможуваат на своите бизнис корисници.


Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.