Најпопуларната социјална мрежа Facebook драматично ја губи својата млада публика. Од друга страна, се бележи раст на корисници кои имаат повеќе од 55 години. Се чини дека во последно време содржините кои ги нуди Facebook се се помалку интересни за корисниците на возраст помеѓу 12 и 17 години.

Според британски Guardian, за оваа година се предвидува пад на бројката на корисници на претходно споменатата возраст за 5,6%, споредено со лани. Кај корисниците на возраст помеѓу 18 и 24, падот е уште поголем, односно 5,8%. Споредено со тоа, во текот на 2018, Facebook очекува половина милон нови корисници кои се постари од 55 години.

Ова се катастрофални вести за компанијата која се декларира како тренд на новите генерации. Токму оние кои ја популаризираат, сега се првите кои го напуштаат бродот. Тоа се должи и на појавата на низа други социјални алатки кои се поедноставни и поинтересни за користење. Децата генерално уживаат во комуникација преку фотографии и видеа каде можат да ја изразат и својата креативност. Нешто што на Facebook не е особено практично изведено.

На компанијата и преостанува да привлекува млади корисници со помош на Instagram или проекти како Messenger Kids. Но, дури и постарите корисници би биле благодарни доколку на платформата се врата малку поинтересни содржини. Најавените измени од делот на News Feed одат контра очекувањата на корисниците, меѓутоа според планот на раководството. Јасно е дека мрежата го надмина почетниот стадиум каде ја стекна својата популарност. Но, во меѓувреме стана нешто многу повеќе од форум за дружење. Па, сходно на тоа се менува и публиката која го посетува.

ИЗВОРTech Radar
ИЗВОР 2The Guardian
Претходна статијаБританија ќе лови он-лајн екстремисти со помош на вештачка интелигенција
Следна статијаЗвучната интеракција со уредите е иднината. Но кога поточно?