amazon echo, google assistant, siri, voice ui

Веќе со години сме сведоци на развојот на звучните интеракции со машините. Колку и тоа да изгледа невозможно. Sci-fi филмовите беа првите кои ја најавија револуцијата во интеракцијата со уредите. Постоењето на Siri, Alexa Echo и Google Assistant и слични на нив само го потврдија овој тренд.

Можноста да изговориме команда ни доаѓа природно, бидејќи ни дава самостојност и делува почовечки. Тоа е ко “трета рака”, кога рацете ни се зафатени и овозможува лесен начин за контрола на навигациските системи, слушање на музика, палење светло…Веќе не мораме да читаме и пишуваме за да сработиме нешто. Паметните асистенти се тука за нас.

Едноставно е. Звучниот интерфејс веќе не е минато. Засега, Amazon е водечка компанија во ова поле, земајќи ги сите заслуги за имплементацијата и развојот на оваа методологија. На што мислам поконкретно? Сопственикот на Amazon, Jeff Bezos, беше меѓу првите кои се обложија на вештачката интелигенција и ја развија Alexa. Како што знаеме, Alexa Echo е паметниот гласовен асистент, кој разви преку 15.000 вештини и наредби минатата година.

Покрај ова, компанијата многу вложи во поддршка на своите клиенти. Amazon дизајнираше одличен водич кои им помага на корисниците во ориентирањето во реалниот свет. Сето ова функционира без употреба на глувче, тастатура и други влезни уреди и е овозможено преку Alexa. Во поддршката се вклучени и неделни мејлови каде корисниците редовно се едуцираат за најновите начини за комуникација со Alexa.

Генерално, примената на звучниот интерфејс има одличен прогрес. Сепак, за сите ние кои сме заинтересирани за неговата иднина ни недостасуваат повеќе податоци. Google, Amazon и Apple ги кријат податоците за бројот на продадени уреди и податоци од типот:

  • Колку уреди се продадени?
  • Колку пати се користат во текот на денот?
  • Кој ги користи најмногу (на која возраст е) и за што?

Според една анкета од крајот на 2016 година,  најкористената функционалност на Echo гаџетите е поставувањето на тајмер. Друга анкета, пак, покажува дека Alexa корисниците имаат поголема тенденција да купуваат работи онлајн.

Нешто слична е ситуацијата и со Google Assistant. Андроид смартфоните се многу успешни, но ни недостигаат информации кога треба да ги квантифицираме корисниците и да ги измериме предностите и недостатоците.

Кога станува збор за Apple, знаеме што нуди Siri. Сепак, не знаеме каде, како и на кој начин најмногу се користи. Тоа не е објавено за широката јавност.

Без оглед на тоа што се случува во иднина, не може да не ве импресионираат перформансите на звучниот интерфејс на Amazon. Навистина се прашувам што ќе значи тоа за рекламниот бизнис на Google и неговите навики во поврзаните уреди.

Во меѓувреме, во недостаток на конкретни броеви, мораме да направиме пауза пред да даваме посериозни прогнози за иднината на звучните интеракции. Како и да е, едно е сигурно – просторот за иновација е огромен и сигурно нема да ни биде досадно.

Претходна статијаFacebook драматично ја губи својата млада публика
Следна статијаHuawei е закана за безбедноста, сметаат разузнавачите од САД