Microsoft Edge којшто ќе биде направен на основа на Chromium, е се’ уште во изработка, но изгледа денот на пуштањето на првите тест верзии се ближи.
Дечките од Windows Central имаат добиено тест верзија која е во поодмината фаза на развој од сликите кои можевме да ги видиме пред некоја недела.
На видеото се гледа дека е почната работата на измена на корисничкиот интерфејс, кој сега изгледа повеќе како моменталната верзија од Edge, а тука се и новите прилагодувања на кои се гледа дека има уште работа.
Од Windows Central истакнуваат дека прелистувачот работи брзо и стабилно, како што работи и Google Chrome, а повеќе можете и самите да погледнете.
Видеото е на почетокот од статијата, па кажете што мислите за Edge на Chromium до сега, како и за целата одлука на Microsoft.