Neowin

Microsoft при крајот на минатата година објави дека го прекинува понатамошниот развој на својата веб технологија EdgeHTML и ќе продолжи да го развива својот интернет прелистувач Edge на основа на Chromium кодот.

Ова секако привлече големо внимание, а најмногу поради тоа што Chromium проектот, кој е со отворен код, е направен и одржуван од страна на Google и е основа на која е направен нивниот Chrome прелистувач.

Ова значи дека Chromium, кој и така држи повеќе од 80% од пазарот, добива огромна поддршка, а посебно кога Microsoft ќе почне да придонесува со сопствен код кој ќе биде поврзан и со подобрена работа на прелистувачот на Windows.

Развојот на Edge е во тек, а првите тест верзии се очекуваат пред летото. Порталот Neowin ги објави првите неофицијални слики од Edge направен со кодот на Chromium, па можеме да добиеме претстава во кој правец се оди.

Сепак, од сликите може да се види дека Edge изгледа слично на Chromium, што според мене тоа значи дека уште не е дојден на ред корисичкиот интерфејс кој верувам нема да остане ваков.

Она што е ново е делот за прилагодувања на прелистувачот, страната за нов таб, како и продавницата за додатоци вградена директно во Edge.

Доколку сакате да бидете меѓу првите кои ќе може да го инсталираат Edge, за истото можете да се регистрирате, а сликите од Neowin се во продолжение.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаТемната тема на Messenger официјално доаѓа во неделите што следат
Следна статијаSamsung планира да претстави уште два модели со екрани на превиткување?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.