Vine_Screens

Vine е апликација која ви овозможува да снимите видео клип до 6 секунди и истиот да го споделите на Twitter и на Facebook, како и на вашиот профил на Vine. Оваа апликација која е во сопственост на Twitter од пред една година, прво беше достапна за iOS, за потоа да стане достапна и на Android, па после одреден период на чекање од денеска стана достапна и на Windows Phone 8 платформата. Апликацијата за оваа платформа ги има сите стандардни функции, како и некои специфични за Windows Phone, како можноста за закачување (pin) на вашите омилени Vine корисници на Home екранот. Во продолжение прочитајте ја листата на функции на Vine за Windows Phone 8.

  • Бесплатни, неограничени прикачувања
  • Моментално постирајте видео на Vine, па потоа споделети ги на Twitter и Facebook
  • Пронајдете, следете и комуницирајте со луѓето блиску до вас
  • Истражете ги популарните постови, актуелни hash ознаки и постови избрани од уредникот
  • Закачете ги вашите омилени Vine кориснички сметки и канали на вашиот Home екран
  • Поврзете се со Vine преку вашата апликација за камерата, преку Lenses поддршката
  • Закачете ја Vine камерата на Home екранот и покренете ја со еден допир

Vine може да ја симнете преку продавницата за апликации или преку следниот линк:

vine-link

Претходна статијаCyanogenMod Installer
Следна статијаНовa OLED технологија ќе допринесе за поевтини и поефикасни дисплеи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.