OLED

Еден од главните проблеми на OLED технологијата е нејзината неефикасност. За разлика од LCD дисплеите, кај OLED панелите светлината која ја гледаме се емитува директно од пикселите. Проблемот е што само една четвртина од електричната енергија која се спроведува до пикселите всушност преминува во светлина, додека остатокот се губи во вид на топлина. Со цел да ја подобрат ефикасноста, производителите во самата матрица додаваат слоеви од благородни метали како платина и иридиум што значително ги зголемува производните трошоци. Од овие причини и покрај супериорниот приказ на слика кој го имаат OLED дисплеите, на пазарот сеуште преовладува постарата LCD технологија.

Група истражувачи од универзитетите во Bonn и Regensburg успеаа да развијат нов вид на OLED (organic light-emitting diode). Неефикасноста на традиционалните органски молекули произлегува од нивната неможност да ги задржат електричните полнења. Новите органски молекули кои се користеа во истражувањето можат подолго да ја задржат електричната енергија што резултира со далеку поголема ефикасност и ја исклучува потребата од благородни метали. Ова значи дека во иднина ќе може да се произведуваат евтини и енергетско ефикасни OLED дисплеи што би придонело за поширока примена на оваа технологија.

Претходна статијаОфицијална Vine апликација за Windows Phone 8
Следна статијаAndroid 4.4 KitKat достапен од денес за Nexus 7 (2012-2013) и Nexus 10