CyanogenMod е познат прилагоден оперативен систем (custom rom) направен на база на Android. Се инсталира на телефоните и таблет компјутерите што се поддржани од страна на CyanogenMod, доколку не сакате да го користите фабрички инсталираниот оперативен систем. Популарноста ја доби поради едноставноста, стабилноста, како и дополнителни функции што нема да ги најдете на официјалните изданија на Android.
Начинот на инсталирање на CyanogenMod беше нешто посложен, посебно за корисниците што не се баш искусни или па воопшто не се разбираат во оваа област. Исто така доколку кога го инсталирате CyanogenMod вашиот уред е сеуште под гаранција, истата веќе нема да важи. Потребно беше прво да направите одредена промена на вашиот систем за да добиете администраторски, односно root пристап, да инсталирате неколку работи потребни за конечно инсталирање на оперативниот систем, нешто што не е едноставно за секој корисник.
За да го поедностави процесот на инсталирање, од CyanogenMod издадоа апликации за Android и Windows преку кои што без никакво познавање ќе можете да ја инсталирате најновата верзија од CyanogenMod на вашиот уред. Се што треба да направите е да ги инсталирате овие апликации на вашиот мобилен или таблет и на вашиот компјутер. Прво ја стартувате апликацијата на вашиот мобилен уред и ги следите неколкуте едноставни чекори, го поврзувате уредот со вашиот компјутер преку USB кабел, па ги следите неколкуте едноставни чекори и на вашиот компјутер. Потоа апликацијата целосно ја завршува за вас работата и на крај го имате инсталирано CyanogenMod.
Листата на поддржани уреди на кои што може да биде инталиран CyanogenMod можете да ја погледнете на следниот линк.
За да ја инсталирате апликацијата на вашиот уред, треба прво да дозволите инсталирање на апликации од непознати извори. Истото може да го направите преку отворање на Settings > Security, па да ја чекирајте опцијата Unknown Sources.
Апликациите можете да ги симнете од следните линкови: