Иако Android е проект и оперативен систем со отворен код и секој може да развива апликации, сепак, за да истите бидат достапни преку Play Store потребно е задоволување на одредени услови.

Со оглед на огромниот број на апликации, не секогаш е можно извршување на добра и реална проценка на сите нови поднесени апликации, па не ретко се случува да поминат апликации кои ги прекршуваат правилата и ја нарушуваат приватноста на корисниците.

Поради тоа Google воведува одредени правила кои често им ја отежнуваат работата на програмерите. За таа цел Google најави дека има работено на предлозите од страна на програмерите и ќе им излезе во пресрет за процесот на поднесување и промена на апликации биде полесен.

Една од промените која сепак привлекува повеќе внимание и за нас корисниците е најавата дека проверката која се прави за апликации поднесени од страна на непознати и нови програмери ќе биде подолга од обично.

Ова ќе значи дека програмерите кои веќе не им се познати на Google како програмери кои работат според правилата, ќе бидат дополнително проверувани, односно дополнително ќе бидат проверувани нивните апликации.

Оваа информација покрај тоа што им е важна на програмерите, покажува дека корисниците можат да очекуваат подобрување на процесот на проверка и намалување на ситуациите кога одредени апликации ја нарушуваат нивната приватност и безбедност.

Деталните промени кои Google ги воведува за програмерите можете да ги прочитате на овој линк.

Оставете коментар