Со Pickbox, најновите серии од европската и американската продукција, како што е историската сага Викинзи (Vikings), но и култните филмови како што е класиката Бегство од Шошенк (Shawshank Redemption), веќе се на дофат на рака. Одличната работа е што на Pickbox се достапни сите сезони од поединечните серии, што овозможува гледање достојно за 21 век – кој сака може да изгледа и неколку сезони, на пример од Вовед во анатомија (Grey’s Anatomy), во една вечер.

НОВИ СЕРИИ ВО АПРИЛ И ВО МАЈ

Новата трилер-серија Жртва (The Victim) е ексклузивно достапна на Pickbox. Четирите напнати епизоди од оваа кратка серија ги следиме низ очите на оние што седат на обвинителната клупа. Дејството се одвива во Шкотска, која има уникатен правен систем, а премисата на серијата е интригантното прашање – кој е всушност жртва?

Нова серија во април е и Мери убива луѓе (Mary Kills People). Во двете сезони на оваа одлична серија успешно се споени комедијата, драмата и филозофијата, додека се занимава со табу-темата – поттикнати самоубиства. Новина на Pickbox е и Анатомија на вистината (Body of Proof) со Дејна Дилејни во улога на лекарката Меган Хант, која по една автомобилска несреќа не може да ја продолжи кариерата како неврохирург, туку станува медицински вештак.

Мај исто така е преполн со премиери подготвени за гледање без престан! Новина е британскиот трилер Ривиера (Riviera), чијашто втора сезона ќе биде премиерно достапна на Pickbox веднаш по светската премиера. Криминалистичката драма Дијаманти (Ice) ќе ги воодушеви сите љубители на акциони заплети, Црни вдовици (Black Widows) љубителите на напнати комедии, а серијата Спаси ме (Save me) е тука за сите оние што уживаат во откривањето на расплетите на таинствените злосторства.

СИТЕ СЕЗОНИ НА ВИКИНЗИ

Дефинитивен фаворит помеѓу гледачите е популарната историска сага Викинзи (Vikings). Во случај сѐ уште да не сте почнале да ја гледате оваа популарна серија полна со нордиски митови, можете да почнете од почеток затоа што на Pickbox се наоѓаат сите сезони.

ЕВРОПСКИ СЕРИИ, ПРЕВЕДЕНА СОДРЖИНА И УЖИВАЊЕ БЕЗ РЕКЛАМИ

Пријатно изненадување на Pickbox се возбудливите напнати и нови серии кои доаѓаат од Европа. Супер е и тоа што сериите можат да се гледаат со превод, па ако по некоја случајност не знаете шпански, руски, дански или норвешки, тоа не претставува никаков проблем. Сето тоа е овозможено со безгрижно гледање без прекини поради реклами.

Возбудливите нови серии и еден куп култни филмови, корисниците на Македонски Телеком можат да ги гледаат на Pickbox за само 199 МКД/месечно. Искористете го попустот до крајот на годината и уживајте во најдоброто што постои на малите екрани!

Претходна статијаGame of Thrones С08 Е01 – Винтерфел
Следна статијаGoogle го подобрува процесот за поднесување на апликации во Play Store