Познатиот Aston Martin оваа недела го доби својот прв целосно електричен модел кој беше претставен на Auto Shanghai автомобилскиот настан во текот на вчерашниот ден. Со ова корисниците во светот добиваат уште еден избор од автомобилите на иднината, овој пат од познатиот луксузен бренд.

Дека се работи за посебен и луксузен модел покажува и бројката од само 155 примероци кои се планира да бидат произведени, а може да се претпостави и цената на овие автомобили. Сепак, со ова Aston Martin го означува својот влез во пазарот на електрични автомобили, пазар во кој се повеќе производители влегуваат, а прашање на време е само кога тој ќе биде и единствениот пазар.

Инаку, Aston Martin Rapid E може да помине околу 320 километри со едно полнење, што не е од најдобрите километражи достапни на пазарот од конкурентите. Од модел од Aston Martin секако би очекувала повеќе, но сепак ова е нивниот прв модел, па се очекува со тек на време ова да се подобри.

Полнењето на батеријата се прави преку брз полнач, што во автомобилската индустрија е скоро и нешто без кое не се може.

Rapid E има максимална брзина од 250 километри на час и може да забрза од 0 до 100 за помалку од 4 секунди.

Внатрешноста на автомобилот е како што би се очекувало од еден ваков модел, а слободно може да се тврди и дека Tesla ги постави стандардите на овој пазар. Тоа значи дека Rapid E има екран на допир преку кој се достапни контролите за автомобилот, а тука е и поддршката за автомобилските верзии од двата најпознати мобилни оперативни системи.

“Претставувањето на Rapide E ќе биде огромен момент за Aston Martin. Како наш прв електричен автомобил во производство, ова е вистински историски чекор. Чекор кој покажува дека Aston Martin е спремен за големиот предизвик на одржлива и одговорна кон околината иднина. Како компанија за автомобили ние не можеме да си дозволиме да пасивно дозволиме иднината да дојде кај нас, ние треба активно да ја бркаме. Само правејќи го тоа ние можеме да научиме и да се припремиме, но исто така да ги зачуваме оние работи кои ги сакаме како возачи и автомобилски ентузијасти. Затоа беше важно за мене дека прифаќајќи ја технологијата на електрични автомобили ние не треба да ги пуштиме тие уникатни квалитети кои го дефинираат Aston Martin. Верувам дека Rapid E ја остварува таа желба и го овозможува патот за возбудлива иднина.“ – истакна Др. Енди Палмер, претседател и извршен директор на групата Aston Martin Lagonda.

ИЗВОРAston Martin
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаGoogle го подобрува процесот за поднесување на апликации во Play Store
Следна статијаGoogle го има саботирано Firefox по претставувањето на нивниот Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.