Минатата година, поточно при крајот на април, Google му даде на Gmail редизајн којшто е најголемиот, па можеби од неговото претставување како сервис. Новиот дизајн е во рамките на правилата од Material дизајн концептот и мора да се признае, изгледа одлично.

Акцентот е ставен на чистите бели површини, истакнатите бои каде што е тоа потребно, а тука се и практичните додатоци, како прикажување на прикачените датотеки без потреба од отворање на пораката.

Покрај изгледот, Gmail доби и нови функции, кои во главно се преземени од Inbox, одличната апликација која нема да продолжи да се развива, а сите добри функции од неа ќе станат дел од Gmail.

Сепак, мобилната апликација од сервисот не беше опфатена со редизјанот, па остана да се прашуваме кога тоа ќе се случи, зошто јасно беше дека нема да биде оставена така.

Епа, скоро година ден подоцна, еве го редот и на Gmail апликацијата за Android и iOS. Оваа апликација во неделите што следат ќе биде надградена на верзија која ќе го содржи редизајнот на сервисот, како и новите функции.

Од сликите се забележува белата боја која е дел од се повеќе апликации од Google, според мене изгледа одлично и чисто, а од компанијата најавуваат дека и останатите апликации од G Suite ќе го добијат новиот дизајн во текот на годината.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаFacebook воведува можност за објава на петиции директно од мрежата
Следна статијаEnergizer ќе претстави 26 телефони на MWC 2019 меѓу кои телефон со 18.000 mAh батерија и телефон со екран на превиткување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.