Inbox by Gmail беше апликацијата која Google ја претстави пред 4 години, која исто така беше наменета да работи со Gmail имејл сервисот. За разлика од веќе до некаде застарената Gmail апликација, Inbox на корисниците им нудеше нови функции кои Google ги тестираше, што оваа апликација ја направија попривлечна, барем за напредните корисници кои не ја користат апликацијата која им доаѓа стандардно со телефонот.

Некои од главните функции на Inbox ги вклучуваат можноста за прикажување на прикачените документи со големи икони под насловот на пораките, можноста за автоматски „паметни одговори“, можност за одложување на пораките и повеќе.

Со оглед на тоа што со редизајнот на Gmail кој Google го претстави оваа година, повеќето функции од Inbox станаа дел од Gmail, постоењето на две паралелни апликации стана непотребно.

Google се одлучи да своите напори за развој ги насочи кон една апликација, а таа секако е Gmail, со што одлучи да го откаже развојот на Inbox. Оваа апликација ќе биде прекината во март идната година, односно 2019, што на корисниците им дава доволно време да се прилагодат на промените.

Со оглед на тоа што Inbox работи со Gmail пораките, корисниците нема да има потреба да направат било што за да продолжат да го користат Gmail, односно нивните пораки се веќе во Gmail.

Од Google дури имаат спремено и краток водич за корисниците на Inbox кои ќе треба во наредниот период да се префрлат на Gmail. Во водичот, кој е достапен тука, прикажани се главните функции на Inbox кои сега се достапни во Gmail, како и некои предност на Gmail.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаHuawei го презентираше новиот Mate 20 lite во Македонија
Следна статијаКупи километри на Skopje Run 10K за себе или за десетиците амбасадори затоа што #СекојКилометарЗначи за СОС Детско село
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.