Shutterstock.com

Кога се во прашање друштвените мрежи, веќе одреден период е очигледно дека Instagram е мрежата која добива се поголема популарност, барем од тие во сопственост на Facebook. Оригиналната мрежа, која се темели на споделување на слики, но и на линкови, видеа, текст и слично, се помалку се користи, а посебно од помладите корисници.

Кога ќе се земе тоа во предвид, воопшто не е чудно што од компанијата имаат почнато со тест којшто ќе им овозможи на корисниците на Facebook корисничко искуство слично на Instagram кога разгледуваат слики.

Тестот го имаат забележано од порталот TechCrunch, а истиот им е потврден од страна на Facebook, но нема информации за тоа дали и кога би се одлучило да се воведе промената за сите корисници.

Новината која се тестира доаѓа до израз кога корисникот ќе отвори слика преку мобилната апликација, на целиот екран, односно кога ќе притисне на една слика. Истата се отвора на темна позадина, а доколку се повлече нагоре со прстот, сликата се трга и корисникот се враќа на претходниот екран.

TechCrunch

Со промената, корисниците доколку повлечат нагоре со прстот ќе им бидат прикажани уште слики. Овие слики би биле од сите корисници кои им се пријатели или ги следат, односно не само од корисникот чија слика се гледа во моментот.

Тоа значи дека корисниците ќе можат да продолжат да разгледуваат повеќе слики, со што може да се каже дека се добива еден вид „вграден“ Instagram во Facebook.

Ова не би била единствената Instagram функција која станала дел од Facebook. Тука се познатите Stories кои не поминуваат ни приближно добро на Facebook како што поминуваат на Instagram, а од компанијата дозволуваат пуштање на истото „стори“ на двете мрежи.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.