Shutterstock.com

Huawei конечно по неколкуте најави, почна да го продава својот Mate X уред, за почеток во Кина. Причината поради која уредот сега за сега не се нуди на другите пазари е проблемот кој компанијата го има со САД, односно неможноста да се вклучат апликациите од Google, вклучувајќи ја и продавницата за апликации Play Store.

Тоа како и да е не е никаков проблем за кинескиот пазар каде и така уредите не се продаваат со апликациите од Google. Според информациите, Mate X веднаш се распродал при пуштањето на продажбата онлајн. Се очекува до крајот на месецот Huawei да пуштат уште една „тура“.

Huawei Mate X е еден од сега трите достапни уреди со екрани кои се превиткуваат. Сите три модели може да се каже дека се различни, иако Mate X го има истиот концепт како Galaxy Fold од Samsung.

За разлика од Galaxy Fold, кој се превиткува на внатре, како книга и има уште еден екран, Mate X се превиткува на надвор, со што екранот и понатаму може да се користи, сега поделен на два дела.

Овие два уреди се погодни за корисниците кои најмногу го користат својот мобилен за повеќе активности, па им одговара да можат да го отворат и да добијат уред со големина и формат на помал таблет компјутер.

Од друга страна, Motorola го претстави својот RAZR 2019 телефон кој не се претвора во таблет компјутер. Тој, како и стариот и познат телефон со името RAZR, се затвора и со тоа овозможува полесно пренесување во џебот и слично.

Кој концепт и да го изберете како вашиот омилен, едно е јасно. Во годините што следат ќе бидат дополнително развиени екраните кои се превиткуваат, па ќе видиме многу повеќе вакви уреди кои целосно ќе го променат начинот на користење на мобилните уреди.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаСе одржа Ендава Tech Flow, настан посветен на DevOps и автоматизирано тестирање
Следна статијаFacebook тестира прикажување на слики слично како на Instagram
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.