Nokia-Lumia-830-hero1

Дека Microsoft постепено ќе престане да го користи Nokia брендот беше познато уште по купувањето на дел од оваа финска компанија. Како една од причините за тоа може да се земе и тоа што другиот дел од компанијата кој што не го купија, остана да функционира под тоа име и сега работи со развој на апликации за мапи, како и мрежна опрема. За корисниците сигурно до некаде е збунувачки да направат разлика кога ќе видат производи со истото име, а тие се од различни компании.

Последните модели кои што ги претстави Microsoft, односно Lumia 730 и 830, минатиот месец може да се последните телефони кои што го носат името Nokia. Првата промена на името ќе започне од Nokia France, на чија што Facebook страна беше најавено менувањето на истата во Microsoft Lumia.

Во наредните денови, ќе добиете порака на Фејсбук за промена на името на оваа страница. Ние сме на работ да станеме “Microsoft Lumia!” Останете вклучени за повеќе информации наскоро.

Оваа информација е потврдена од страна на Microsoft за порталот The Verge, на кои што им е кажано дека и останатите Nokia делови ќе биде ребрендирани во Microsoft Lumia во неделите што следат.

Друга промена на именувањето која што ја прават од компанијата е и името Windows Phone, кое што во новите модели не се користи, а оперативниот систем е нарекуван Windows. Наредната верзија од оперативниот систем ќе биде унифицирана и ќе го носи името Windows 10 без разлика за кој уред се работи.

Исто така, доста веб страни кои што до сега го носеа брендот Nokia, веќе беа променети во Microsoft Mobile, како што се нарекува новиот дел од компанијата за изработка на мобилните телефони.

Извор: The Verge, PCWorld, Nokia France

Претходна статијаAndroid календарот со новиот Material дизајн прикажан на слики
Следна статијаДали конечно е детектирана темната материја?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.