Научниците од Леичестер Универзитетот, со анализа на повеќегодишни резултати од XMM-Newton орбитирачката обсерваторија на Европската вселенска агенција, откриле зголемување на рентгенското зрачење од околу 10% кога се набљудува небото при крајот на Земјеното магнетно поле. Според нив, ваквите резултати можно е да се припишат на елузивната „темна материја“.
Инаку темната материја се смета дека опфаќа 85% од целата материја во универзумот, а се нарекува така бидејќи таа ниту емитува ниту апсорбира светлина и друго електромагнетно зрачење, но се претпоставува дека таа го создава магнетното поле доволно за да ги држи галаксиите да не се оддалечат едни од други. Таа е екстремно тешко да се забележи и можно е да се детектира преку недиректни набљудувања како оствареното од Леичестер Универзитетот. Хипотетичката честичка која ја гради темната материја е наречена аксион.
Хипотетизираната темна материја (аксионите) се претпоставува дека се создава во Сонцето по што излегува од него и при допир со Земјиното магнетно поле се претвора во рентгенски зраци, кои биле детектирани при анализите.
„Рентгенската радијација – на небото, кога ќе се отстранат силните извори на таква радијација – изгледа несменета каде и да се свртите“, објаснува коавторот на студијата Енди Рид, и продолжува: „Но, ние откривме и сезонски сигнал во оваа рентгенска позадија, кој нема конвенционало објаснување, но е конзистентен со откривањето на аксионите“.
Ако се покаже како точно, ваквото откритие може да направи одредени промени во спознанијата за физичкиот свет и може да поништи некои алтернативни теории на темната материја како променетата њутонска физика и Тензор-вектор-скалар гравитацијата.
Што е темна материја?
Извор: RT, Futuretimeline, TheStar