google-cal-material-1

Како што се ближи времето на официјалното надградување на уредите на Android 5.0 Lollipop по претставувањето на финалната верзија, така ќе гледаме се повеќе апликации во новиот Material дизајн. На почетокот повеќето апликации кои што ќе го добијат новиот дизајн ќе бидат од Google, а другите ќе се приклучат постепено како што ќе се зголемува бројот на уреди кој што работат на оперативниот систем.

Вчера можевме да ја видиме новата Gmail апликација која што треба да биде надградена во периодот што следи. Интересната новина кај Gmail сепак не беше новиот дизајн, туку најавената поддршка за Yahoo и Outlook.com email сметки.

google-cal-material-4

Денеска, исто така од Android Police порталот, достапни се слики од редизајнираната Calendar апликација. Оваа апликацијата покрај новиот дизајн, добива и промена на нејзината организираност, односно може да се каже дека е целосно нова апликација. Интересно се направени настаните кои што го ставате во неа со прикажување на слики зависно од нив, нешто слично како што се претставени апликациите во Play продавницата. Календарот ќе биде поврзан со Gmail, па ќе има можност автоматски да додава одредени настани кои што се појавуваат во вашата комуникација.

google-cal-material-3

Сликите, како и вчерашните, не се официјални, односно до нив имаат дојдено од Android Police порталот. Меѓутоа ако се земе во предвид досегашното искуство со неофицијалните информации, како и овој портал, може слободно да се земат како точни и веродостојни.

Извор: Android Police

Претходна статијаMarkO се бори за првото место на Community Award натпреварот на годинешниот Pioneers Festival
Следна статијаMicrosoft Lumia ќе се користи наместо Nokia брендот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.