Shutterstock.com

Минатиот месец дојдоа првите најави дека Европскиот Парламент планира воведување на унифициран стандард за полнење на мобилните уреди кој ќе го користат производителите. Причината за тоа се истакнува дека е поврзана со огромниот електронски отпад кој во голем дел се состои од стари полначи за мобилните уреди.

Планот на Европскиот Парламент изгледа дека ќе добие и практична примена уште од оваа година. Пратениците минатиот месец имаат изгласано резолуција со која и предложуваат на Европската Комисија да го усвои актот од Парламентот и примени до јули оваа година.

Во основа, унифицирањето на полначите не е нешто што Европскиот Парламент првпат го донесува сега. Посебен закон уште од 2014 го предвидува ова, но сега се смета дека е дојдено времето да се примени и реализира во пракса.

Унифицирањето на полначите се планира да биде како за жичаните, така и за безжичните. Се планира истите да ги користат и производителите на полначи, односно не само производителите на мобилни, со што корисниците буквално ќе добијат еден стандард.

Покрај тоа што се цели кон намалување на електронскиот отпад, целта е да корисниците не мора да купуваат нови полначи секогаш кога ќе купат нов уред. Користењето на старите полначи додека тие се исправни е нешто што ќе придонесе кон подобро корисничко искуство, како и намалување на отпадот.

Од Парламентот дури се планира дека производителите би требало да престанат да вклучуваат полначи со своите уреди, а со тоа да ги намалат и цените на истите. Корисниците ќе си ги користат своите стари полначи, а кога ќе им требаат нови, истите ќе ги купат дополнително.

Може да се каже дека единствени кои се засегнати најмногу од ваква одлука се Apple, кои во iPhone уште го користат својот посебен стандард за полнење, додека кај другите уреди полека се префрлуваат на USB Type-C, стандард којшто моментално е најактуелен и користен од повеќето.

Претходна статијаМожен застој во производството на LCD панели и нивно поскапување поради Коронавирусот
Следна статијаПодбрендот на Xiaomi, POCO, го претстави својот втор уред по подолго време
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.