Shutterstock.com

Ова е нешто што сигурно би било добредојдено за повеќето корисници. Еден стандард за полнење на мобилните уреди кој ќе стави крај на гледањето дали уредот кој го има корисникот е компатибилен со полначот којшто го имал дотогаш или којшто го побарал од некого кога не е дома.

Проблем може потенцијално да биде за производителите на мобилните уреди, но кога ќе се земе во предвид дека и така повеќето, барем Android уреди, веќе се префрлаат и функционираат со USB-Type C стандардот, промената за повеќето може и да не се забележи.

Идејата ќе биде разговарана во Европскиот Парламент каде ќе се предложи донесување на закон со кој сите производители кои продаваат мобилни уреди во Европската Унија ќе мора да користат еден стандард за нивно полнење.

Иако не е точно истакнато, сепак се верува дека тој стандард би бил USB-Type C со оглед на тоа што веќе се користи од повеќето производители, а исто така е нов и ги овозможува сите потребни модерни функции.

Од Европскиот Парламент истакнуваат дека причината за една вакво одлука е со цел да им се олесни животот на корисниците, но и да се намали електронскиот отпад кој се проценува на 51.000 тони годишно само од старите полначи за мобилни уреди.

Вакво нешто би било посебно интересно што конечно ќе ги „натера“ Apple да почнат да користат стандард којшто е општо прифатен, наместо нивниот којшто го има само кај нивните уреди. Сепак, веќе одреден период се најавува дека од компанијата сепак ќе го прифатат USB-Type C стандардот, којшто почнаа да го користат кај iPad уредите, па нема да треба да се чека европскиот закон за тоа.

ИЗВОРEuropean Parliament
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаШто може да се очекува од новите Huawei P40 и P40 Pro според досегашните неофицијални информации
Следна статијаНа Huawei им оди добро и без сервисите и апликациите од Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.