Huawei P40 / 91mobiles

Полека се ближи времето кога ќе бидат претставени новите Galaxy S20 од Samsung, а малку потоа на ред се P40 од Huawei. Од тоа што можеме да го видиме и оваа година натпреварот ќе продолжи во делот за камерите.

Посебно истакнатиот модул за камерите на задната страна, кој влезе во тренд со најновите уреди од Google и Apple, оваа година ќе биде стандарден кај повеќето од големите производители. Ваков модул се очекува од Galaxy S20 телефоните, а од достапните неофицијални рендери може да се види дека модулот во карактеристичната форма ќе го има и кај P40-ките од Huawei.

Според информациите од 91mobiles, Huawei P40 ќе дојде со екран со големина од 6,2 инчи, а на задната страна ќе има три камери поставени во истакнатиот правоаголен модул. На предната трана Huawei изгледа ќе престане да го користи исечокот како место каде ги поставува камерите, па кај новите модели, двете предни камери кои се најавуваат ќе бидат поставени во дупка на левата страна од екранот.

Од останатите карактеристики се најавува користење на Kirin 990, а секако овој уред ќе дојде и со 5G поддршка, нешто што оваа година веќе полека ќе стане неопходно.

Huawei P40 Pro / @evleaks

Познатиот Еван Блас, објави рендери од P40 Pro моделот којшто ќе дојде со сличен дизајн на помалиот „брат“, но со одредени разлики. Па така, на задната страна наместо три, се најавуваат пет камери, што заедно со двете камери напред, овој телефон ќе го донесат до бројката од вкупно седум камери.

Разлика исто така се најавува и во екранот којшто кај Про моделот треба да биде заоблен на сите страни, со што ќе се добие впечаток дека уредот воопшто нема рамки, освен дупката на левата страна за двете селфи камери.

Што се однесува до камерите, без разлика на нивната бројка, јасно е дека тие ќе овозможат комбинација од широки и ултра широки агли на сликање, поголемо зумирање на сликата, како и можност за точно откривање на оддалеченоста на објектите кои се сликаат со цел овозможување на подобри ефекти.

ИЗВОРPhoneDog 2
ИЗВОР 2PhoneDog 1
Претходна статијаДиректорот и ко-основач на Twitter Џек Дорси одговара на интересни прашања за мрежата на Q&A со Wired
Следна статијаЕвропскиот Парламент ќе предложи закон за користење на еден универзален стандард за полнење на сите мобилни уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.