Ко-основачот и извршен директор на Twitter, одговараше на прашања од „твитерџии“ за познатиот портал Wired. Прашањата и одговорите можете да ги погледнете на видеото на крајот од статијата.

Дел од прашањата се приватни, дел може и не се толку интересни и важни, но некои од нив се прашања кои верувам повеќето кои ја користат мрежата би ги интересирале, а посебно одговорите и објаснувањата кои Дорси ги дава.

Едно од таквите прашања е зошто мрежата уште има лимит на големината на објавите или па зошто уште не се воведува често бараната можност за измена на веќе објавените твитови.

Без разлика дали се сложувате со објаснувањата на Дорси или не, сепак мора да се признае дека начинот на којшто функционира Twitter е дефинитивно посебен и се издвојува од тој на Facebook и Instagram, иако не баш целосно може да се направи споредбата помеѓу овие мрежи.

ИЗВОРWired
Претходна статијаТри одлични поенти од Мемото на Ендру Босворт од Фејсбук
Следна статијаШто може да се очекува од новите Huawei P40 и P40 Pro според досегашните неофицијални информации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.