Xiaomi пред околу година и половина претстави нов бренд којшто треба да функционира посебно од главниот наречен Pocophone, односно POCO како што официјално се користи. Овој бренд е замислен да функционира во главно на индискиот пазар, но неговите модели би биле достапни и на други пазари.

Xiaomi неодамна најави дека овој бренд ќе продолжи да функционира независно, овозможувајќи и на компанијата сама да ја креира својата стратегија за настап на пазарот.

Првиот телефон којшто беше претставен со најавата на новиот бренд беше POCO F1 и тој беше претставен уште во август 2018, по што од брендот немаше некои новини и информации. Телефонот ја претстави стратегијата на овој бренд, а тоа се уреди со доста ниска цена, а карактеристики од високата класа или нешто под неа.

После подолго време, по најавата дека брендот ќе продолжи независно да функционира, POCO го претставува својот втор телефон, POCO X2. Овој телефон се истакнува дека е сличен на неодамна претставениот Xiaomi Redmi K30 за кинескиот пазар, а исто така е замислен како директна конкуренција на Realme X2.

Овој нов телефон го задржува стилот на претходникот, односно доаѓа со прилично добри карактеристики што го ставаат во високата класа, а ќе има почетна цена од 225 долари.

POCO X2 има 6,67 инчен LCD екран со Full HD резолуција, а посебно се истакнува стапката на освежување од 120 Hz. Процесорот е Qualcomm Snapdragon 730G и има избор од 6 и 8 GB RAM со 64 до 256 GB простор за податоци.

Батеријата е со капацитет од 4.500 mAh, а може да се полни брзо со полначот од 27W.

На задната страна има четири сензори за камерата со 64, 8, 2 и 2 мегапиксели, додека на предната страна во дупка се поставени 2 камери со 20 и 2 мегапиксели, со тоа што втората е повеќе замислена како сензор за оддалеченост на објектите.

Од карактеристиките може да се види дека сепак POCO X2 не може да се стави баш во највисоката класа, па можеби пореално е да се каже дека е од средно високата класа.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЕвропскиот Парламент со големо мнозинство изгласа резолуција за унифицирање на полначите за мобилните уреди
Следна статијаMicrosoft ја гаси платформата за реклами кај нивните универзални апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.