Новата верзија на HTC One која што се очекува да го носи името M8, One+ или едноставно HTC One 2 треба официјално да биде претставена утре, односно на 25 Март 2014. Како и за било кој друг производ што треба да биде најавен, без исклучок, така и за овој модел се вртеа голем број на информации, шпекулации, достапни беа и протечени нови функции, како и видеа.
Видеото кое што денес ви го прикажуваме е на германски јазик, па повеќето од вас нема да може да разберат што говори авторот, меѓутоа во истото се прикажани доволно функции, па не е потребно разбирање на зборењето. Во видеото може детално да се види новиот изглед, како и поставеноста на копчињата и портовите на надворешната страна. Прикажан е и новиот HTC Sense 6 кориснички интерефејс кој што има одредени нови функции, како и промена на дизајнот. Прикажана е функција за поголем заштеда на батеријата, нешто што изгледа ќе стане популарно кај новите модели, почнувајќи од Samsung Galaxy S5. Прикажана е и камерата со два објективи за која што се шпекулираше во изминатиот период.
Новиот HTC One се очекува да има 5 инчен Full HD екран, четири јадрен процесор, да работи на најновата верзија од Android оперативниот систем. Во продолжение погледнете го видеото, а останува утре да видиме дали истото е вистинско.
https://www.youtube.com/watch?v=vEB10wqk1X4
Извор: Phonedog, Android Police