1394645048237

Истражувачи од Пекинг Универзитетот работат на мали ознаки (tags) кои што се поставуваат на амбалажата од храната и преку менување на бојата покажуваат дали таа е сеуште свежа и погодна за консумирање или е расипана. Ознаките се со големина на зрно од пченка, како што го споредуваат развивачите, и се направени од смеса слична на гел во која што се поставени нано прачки. Исто така можно е нивно поставување на кутиите и шишенца од лекови и истите да ја дадат информацијата за нивната активност, односно можност за консумирање.

Изработката на овие ознаки е многу едноставна и евтина, нагласуваат од универзитетот, а исто така е нетоксична и безбедна за поставување на различни места. Промената на бојата на гел смесата покажува дали производот е во ред, односно црвената боја и црвено портокаловата означуваат дека производот е погоден за консумирање, додека портокаловата, жолта, а најмногу до зелена означува дека производот е расипан. Од универзитетот нагласуваат дека иако повеќето производи имаат рок на траење назначен на нив, често се случува производите да не се чувани во препорачаните услови. Така, можно е некој производ да биде оставен на потопла температура од дозволеното, па иако рокот не е изминат, производот да се расипе. Ознаките ја имаат можноста да се прилагодат на ваквите варијации на условите и точно да ја покажат состојбата на производот.

Во продолжение можете да го погледнете краткото видео каде што е објаснета работата на овие паметни ознаки.

Извор: Cnet, ACS

Претходна статијаPizza Hut претстави концепт на маса со екран на допир
Следна статијаНовиот HTC One прикажан на неофицијално видео
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.