pizza-hut-touch-table

Pizza Hut во соработка со Chaotic Moon Studios претстави еден интересен концепт кој што доколку почне официјално да се користи во нивните ресторани, сигурно ќе привлече внимание. Се работи за маса на која што горната површина е направена од екран на допир. Ова е слично со концептот претставен од страна на Microsoft пред некоја година, наречен Surface, кој што не помина од фазата на концепт, па сега тоа име го носат новите таблет компјутери од оваа компанија.

Масата во оваа фаза има можност за поврзување со iPhone, што овозможува препознавање на корисникот и неговите преференции за јадење, како и можност за плаќање преку мобилниот телефон. Меѓутоа главната функција на масата е можноста корисниците целосно да ја креираат својата нарачка. Како што ќе видите на видеото, корисниците ја избираат големината на пицата, како и секоја посебна состојка во неа. Исто така тие може да нарачаат и посебни додатоци, а додека ја чекаат нарачката и да играат игри.

https://www.youtube.com/watch?v=xvT0MCugb58

Претходна статијаGoogle Calendar наскоро ќе детектира настани што ги спомнувате во Google apps
Следна статијаПаметни ознаки ќе покажуваат во каква состојба се храната и лековите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.